Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Играме секоја година со нив, така што познат ни е противникот
Стоилов: Играме секоја година со нив, така што познат ни е противникот

Стоилов: Играме секоја година со нив, така што познат ни е противникот

На денешната прес-конференција покрај тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, вообичаено присуствуваше и капитенот на екипата, Стојанче Стоилов. Kружниот напаѓач на Вардар истакна дека пред се е горд што овој завршен турнир ќе се одигра во Скопје, пред скопската публика, исто така Стоилов додаде дека е подготвен за натпревар иако има мала повреда.

“Играме против  тим кој многу го почитуваме. Имаат одличен тим и тренер, но играме секоја година со нив, така што познат ни е противникот. Минатиот пат кога турнирот се играше во Скопје загубивме од Загреб, се надевам дека овој пат нема да биде така” , изјави капитенот на РК Вардар.