Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Бебешко: Играме против еден од најсилните тимови во Европа
Бебешко: Играме против еден од најсилните тимови во Европа

Бебешко: Играме против еден од најсилните тимови во Европа

Денес се одржа прес-конференција по повод завршниот турнир во СЕХА-лигата, кој на програмата е од 13-15-ти април во С.Ц. Јане Сандански. Во првото полуфинале, утре со почеток од 17:45 часот се среќаваат екипите на Вардар и Брест Мешков. Своите очекувања за утрешниот дуел со актуелниот шампион во ова натпреварување, ги сподели тренерот на Брест Мешков, Сергеј Бебешко кој истакна дека неговиот тим ќе се обиде да го совлада Вардар.

-Среќен сум што сме уште еднаш меѓу најдобрите четири екипи во СЕХА-лигата. Играме против Вардар, кој е домаќин, а тоа е силен ривал кој во моментов е еден од најсилните тимови во Европа. Имаме кратко време за адаптација, а утре треба да се обидеме да го совладаме Вардар. Ни недостигаат тројца важни ракометари кои се повредени во моментов.