Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вукиќ: Секогаш е чест да се дојде во Скопје и да се игра пред вардаровите навивачи, кои важат за едни од најдобрите во Европа
Вукиќ: Секогаш е чест да се дојде во Скопје и да се игра пред вардаровите навивачи, кои важат за едни од најдобрите во Европа

Вукиќ: Секогаш е чест да се дојде во Скопје и да се игра пред вардаровите навивачи, кои важат за едни од најдобрите во Европа

Екипата на Брест Мешков е противникот на Вардар во полуфиналето на СЕХА-лигата. Завршниот турнир на најдобрите четири тимови ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански, а во другото полуфинале се среќаваат екипите на ППД Загреб и Целје П.Л. Црвено-црните атакуваат на својот четврти трофеј во ова натпреварување, а првата пречка кон остварување на целта ќе биде токму шампионот на Белорусија. Еден од играчите кој е подолго во Брест Мешков е поранешниот хрватски репрезентативец, Љубо Вукиќ, кој очекува борбен натпревар, со напомена дека Вардар е фаворит на овој дуел.

-Се надевам на добар и борбен натпревар. Вардар е сигурно фаворит со оглед дека игра пред својата публика, но и фактот дека е една од трите најдобри екипи во Европа. Ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе, да ги искористиме своите предности и некои нивни недостасоци и да дојдеме до поволен резултат.

Вукиќ не заборави да подели комплименти за вардаровите навивачи, истакнувајќи дека за него е секогаш чест да игра во Скопје.

-Секогаш е чест да се дојде во Скопје и да се игра пред нивните навивачи, кои важат за едни од најдобрите во Европа. Имаме и повредени играчи, па ќе видиме како ќе одиграме, сепак како што напоменав, Вардар е фаворит во пресрет на денешното полуфинале.