Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на “Рап Тап“ убедливи против Пирин, на пријателски меч одигран на Академијата
Пом.пионери на “Рап Тап“ убедливи против Пирин, на пријателски меч одигран на Академијата

Пом.пионери на “Рап Тап“ убедливи против Пирин, на пријателски меч одигран на Академијата

Помладите пионери на ФК Вардар предводени од Сашо Тодоровски продолжуваат со добрите игри, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, каде се наоѓаат на првото место во лигата со голема бодовна предност пред најголемите конкуренти и со обебеден пласман во полуфиналето на купот. Утрово на теренот на Академијата, генерацијата родени “2002“ на ФК Вардар беше подобра од генерацијата “2001“ на ФК Пирин од Бугарија, која е наш гостин претстојнив викенд.

Нашите надежи не оставаат ништо на случајноста и на вакви пријателски натпревари забележуваат победи. Денес совладани повозрасната генерација на Пирин и тоа убедливо со резултат од 4:1. По првото полувреме, Вардар имаше водство од 2:1. Не беше потребно многу време за да го отвориме резултатот, кога по само 15 секунди игра, Антонио Мирков успеа да ја затресе мрежата на Пирин и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Стрелец на вториот гол за Вардар беше Кристијан Стојановски, за реултат 2:1 по првото полувреме, кое траеше 45 минути.

И во вториот дел доминиравме на теренот, кога имавме голем посед на топка и постојано создававме шанси кон противничкиот гол. Две такви ги претворивме во погодоци. Најпрво на 3:1 зголеми Ветон, за конечниот резултат од 4:1 да го псотави Мујас Демири. Ова е одлична подготовка за предизвиците кои не следат во пролетниот дел од сезоната, каде ќе се обидеме да стигнеме до двојната титула.

ФК Вардар: Величковски, Величковиќ, Асани, Гугуљанов, Костовски, Крстевски, Мирков, Стојановски, Петејчук, Омерагиќ, Игнатов.