Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Освоен Пирин и Бугарија, младите надежи на ФК Вардар генер. “2006“ во финалето ја победија Витоша и со само еден примен гол го освоија силниот турнир “Пирин Куп“
Освоен Пирин и Бугарија, младите надежи на ФК Вардар генер. “2006“ во финалето ја победија Витоша и со само еден примен гол го освоија силниот турнир “Пирин Куп“

Освоен Пирин и Бугарија, младите надежи на ФК Вардар генер. “2006“ во финалето ја победија Витоша и со само еден примен гол го освоија силниот турнир “Пирин Куп“

Генерацијата родени “2006“ година на фудбалскиот клуб Вардар го освоија Пирин и Бугарија и успеаа да го освојат силниот меѓународен турнир “Пирин Куп“, кој од 8-11 февруари се играше во Сандански. Избраниците на Сашо Јанев успеаа да ја поминат и последната пречка кон освојување на златниот медал и трофејот, откако утрово во еден тежок натпревар успеаа да ја совладаат екипата на Витоша од Софија. Резултататот на крајот гласеше 2:1 во корист на црвено-црните.

vardarfans-2006

На терен со тешки услови за игра на кој врнеше многу дожд поведоа домаќините откако Андреј Данстак одбрани една топка, но на одбиената натрча нивни играч и ја смести во мрежата за водство на Витоша од 0:1. Оваа негатива не ги обезхрабри воопшто нашите момци кои тргнаа офанзивно кон противничкиот гол, создавајќи неколку шанси, а една таква ја искористи за 1:1 Алтин Алији, кој сам си направи простор за удар и ја смести топката во левиот горен агол, за израмнување, резултатот кој беше актуелен на полувреме.

Многу тежок меч и во вториот дел, каде што нашите момци беа доминантни и постојано ја имаа топката во свој посед, па им создаваа константен притисок на Витоша. Екипата од Бугарија речиси и да немаше некоја посериозна прилика за нов гол, а Вардар успева да постигне втор гол, дело на дефанзивецот Кристијан Галевски, кој директно од слободен удар ја тресе мрежата на бугарите. Тоа значеше резултатски пресврт и предност од 2:1, но и голема радост на младите Вардарци, кај кои се гледаше големата желба да го победат противникот и да го освојат турнирот. Умешно ја постави играта нашиот тренер, Сашо Јанев кој по превземањето на оваа генерација на почетокот од сезоната, ја направи да верува многу повеќе во своите можности, дека може да се победи секој противник и надвор од нашата земја. Така беше и на овој турнир, каде Вардарци одиграа шест натпревари и забележаа исто толку победи и тоа со само еден и единсвтен примен гол на целокупниот турнир, достигнување на кој ретко му се случува на некој тим на оваа возраст да го направи, можеби и не случило таков подвиг на вакви меѓународни турнири.

27750759_419514098483923_1343376640151293082_n

Дека ќе направиме добар пласман на турнирот, најавивме уште на воведниот меч кога ја совладавме екипата на ЦСКА Софија (2:0), која важи за една од најдобрите младински школи во бугарија и во регинов. Продолживме со победи во групната фаза, против екипите на Добротол (4:0) и Пирин (2:0). Во четврфиналето, црвено-црните повторно со триумф над домашната екипа на Пирин, сега многу поубедлива (5:0) обезбедија место во полуфналето. Таму одигравме уште еден квалитетен натпревар и ја прегазија Локомотив Софија (6:0), за денес во големото финале да ја победат и Витоша (2:1).

Ова се златните момчиња кои ги бранеа боите на Вардар, на овој турнир: Андреј Данстак, Драган Јанкоски, Кристијан Галевски, Димитар Порчу, Михаил Николов, Дарко Сековски, Никита Патаровски, Марко Николовски, Стефан Коловски, Олег Михајловски, Александар Миовски, Михаил Танчев, Максим Цониќ, Нуман Ајетовиќ, Алтин Алији, Максим Митровски.