Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез: Не одигравме баш најдобро, Барса заслужено победи
Гонзалез: Не одигравме баш најдобро, Барса заслужено победи

Гонзалез: Не одигравме баш најдобро, Барса заслужено победи

Вардар го доживеа првиот пораз оваа сезона во Лигата на Шампионите, откако на гостински терен беа поразени од екипата на Барселона. Во најголем дел од мечот, противникот имаше предност, која најмногу достигна четири голови разлика. Вардар се враќаше во игра, кога намалуваше на два гола негатива и на само еден гол, кога останаа уште 30 секунди за игра. Барса умешно ја задржа топката во последниот напад, иако имаа и побаран тајмаут, што им ја олесни задачата. По завршување на дуелот, Гонзалез изјави дека Барселона заслужено победиле.

Искрено, немавме решение за играта на Барса, па заслужено домаќинот победи. Не одигравме баш најдобро, постојано ја стигавме нивната негатива на натпреварот, па тие со право се радуваат, ја заслужија победата.