Утрово во С.Р.Ц. Кале продолжија натпреварите од ракометната “Јуниор“ лига во пролетниот дел од сезоната. Први на програмата беа натпреварите во генерација родени “2008“ година и помали кои играат во мешан состав ( момчиња и девојчиња).
На првиот меч, екипата на Кузман -Вардар успеа да излезе како победник во дуелот со екипата на ОПШ.Кисела Вода Вардар 3, со конечен резултат од 13:9. Кузнам заслужено победи со оглед дека во текот на целиот меч имаа постојано водство, така беше и на стартот кога поведоа со 3:0, за во продолжение од првото полувреме, екипата на Кисела Вода да ја намалува разликата и да фаќа полека резултатски приклучок. Намалија до истекот на првото полувреме на само еден гол негатива (7:6). Вториот дел започна со гол на Кузман за предност од 8:6, за Кисела Вода да намали на 8:7, но следеше серија на Кузман од два последователни голови, за враќање на највисоките три гола позитива (10:7). Истата успеаа да ја задржат до крајот на мечот и на крај да слават победа, со резултат од 13:9.
На вториот меч во оваа генерација, екипата на Шампион беше подобра од екипата на ОПШ. Кисела Вода- Вардар 1, славеше со резултат 14:5. Доминација за Шампион на овој дуел, кој по првото полувреме имаше водство од 4:0. Прв гол и за Кисела Вода на стартот од второто полувреме, кога намалија на 4:1, за да следи серија на Шампион од седум поседователни голови и висока предност од 11:1. Последните беа само рутина и одработување на натпреварот.
На третиот и последен меч од денешната програма кај оваа возрасна категорија, победа забележа и екипата Бисинов, која имаше предност во текот на целиот меч против екипата на ОПШ.Кисела Вода Вардар 2. Во првото полувреме највисоката беше четири голови (4:8), кога екипата од Велес направи серија од 1:4. На полувреме имаа водство од 5:8. На стартот на вториот дел, Кисела постигна гол и го намали резултатот на само два гола, но на ист начин врати Бисинов и повторно се одлепи на четири голови (6:10). До крајот на натпреварот без проблеми ја одржаа позитивата и на крај славеа, со реултат од 10:15.