Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери под водство на Рап Тап означија старт на подготовките, повратници во екипата се Тасев, Ричков и Здравковски
Помладите пионери под водство на Рап Тап означија старт на подготовките, повратници во екипата се Тасев, Ричков и Здравковски

Помладите пионери под водство на Рап Тап означија старт на подготовките, повратници во екипата се Тасев, Ричков и Здравковски

Генерацијата 2004 на ФК Вардар, или помладите пионери од вчера започнаа со подготовки за новата натпреварувачка сезона. После две години натпреварувајќи се во регионалната-скопска лига, оваа генерација ќе ја има дебитантската сезона во помладата пионерска лига.

Оваа генерација ќе има и нов предводник од клупата, тоа е Сашо Тодоровски, најтрофејниот тренер во Академијата на Вардар, кој ќе го замени Петар Георгиески, кој изминатава сезона го освои купот на Македонија, додека во лигата заврши на третото место.

Што се однесува до играчките промени во оваа генерација, повратници во екипата се играчите кои претходниве две години беа дел од Академијата на ФФМ. Се работи за голманот, Стефан Тасев, кој е исто така репрезентативец на Македонија до 16 години, како и Марио Ричков и Огнен Здравковски. Единствен кој го напушти клубот е Кристијан Ѓорѓиевски.

Во текот на утрешниот ден, својот прв тренинг ќе го имаат и генерациите на ФК Вардар родени 2005 и 2006 година, под водство на Зоран Петковски и Филип Спасески.