Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Македонија денес на мегдан со ривалот за лидерската позиција Швајцарија, двата тима тргнаа со победи
Македонија денес на мегдан со ривалот за лидерската позиција Швајцарија, двата тима тргнаа со победи

Македонија денес на мегдан со ривалот за лидерската позиција Швајцарија, двата тима тргнаа со победи

Македонија на ЕХФ Шампионатот W19 вчера го одигра првото коло во групата Б1. Црвено-жолтите триумфираа со резултат 29-15. Во истата група во другиот меч Швајцарија  ја победи домашната селекција на Литванија со двоцифрена предост, тие триумфираа со резултат 31-21. Токму во ова второ коло двете селекции ќе се сретнат помеѓу себе.

Дуелот се игра денес, вторник 16.јули со почеток во 16-00 часот. Овај натпревар е важен за обезбедување на првата позиција на табелата. Во црвено-жолтата селекција играат пет вардарки, тие вчера имаа осум гола во убедливиот триумф.