Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Македонија со ракометна лекција за Грузија, вардарки имаа 8 гола

Македонија со ракометна лекција за Грузија, вардарки имаа 8 гола

3

Дамите од младинска македонска  репрезентација започнаа со доминантна победа на ЕХФ-шампионатот во Литванија. Попладнево на мечот против Грузија забележа голема победа со резултат 29:15.

Нашата селекција доминираше во текот целиот дуел, па оваа победа е повеќе од заслужена. Доминиравме во сите аспекти на ракометната игра, во првиот дел постојано видевме со над пет гола. По одличниот финиш на одмор заминавме со 11:4. Вториот дел започна изедначено, но само на почетокот потоа црвено-жолтите од минута во минута зголемуваа постојано.  Успеавме да ја удвоиме предноста од првиот дел победувајќи со 14 гола повеќе, 29-15. Вардарки вкупно погодија осум пати.

Утре не очекува меч против Швајцарија два дена  потоа против домаќинот Литванија.

МАКЕДОНИЈА: Мицевска, Илјаз, Дамчевска 2, Ѓорѓиевска 1, Трајковиќ 2, Божиновска, Трпевска 3, Калајџиевска 3, Тасевска 5, Смајлоска 4, Џатевска 1, Јанкуловска 1, Кипријановска 3,Седлоска 4, Динарица, Цветановска.