Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Николиќ: Операцијата мина одлично се враќам во форма, во новата сезона ќе гледате уште помотивирани вардарки
Николиќ: Операцијата мина одлично се враќам во форма, во новата сезона ќе гледате уште помотивирани вардарки

Николиќ: Операцијата мина одлично се враќам во форма, во новата сезона ќе гледате уште помотивирани вардарки

ЖРК Вардар е на летна пауза од клупски настапи, поголем дел од девојките се ангажирани во кадетската и младинската селекција. По крајот на репрезентативните обврски повторно ќе се собере тимот за нови атаци на сите титули. Минатата сезона вардарки иако најмали одиграа страшно добро, беа во топ-3 во лигата и играа во големото Куп финале. Вардар е тим на кадетки со неколку малку повозрасни девојки, токму со една од поискусните црвено-црни дами разговараме во продолжение.

s5

Една од девојките која е дел од овој состав е репрезентативката Николиќ Милица, бекот „разорувач“ на црвено-црниот тим. Таа е девојка со разорен удар, храбра и неприкосновена  во одбраната и офанзивата. Прв стрелец на вардарки оваа сезона од поле, Николиќ е важна алка на црвено-црниот тим. Секогаш игра со максимална преданост, тимски, со огромно залагање и храброст. Физички доминантна во дуелите, често во битките со повозрасните тимови беше голема поддршка за помалите колешки поради големата физичка доминација во однос на ривалите, своите физички предиспозиции максимално ги користи во функција на тимот. Има незадржлив скок удар, кога ќе се одрази следува „проектил“ кон противничката мрежа, истиот или завршува во голот или крај истиот, ретко кој нејзин силен удар во рамките на голот некој голман успеал да го задржи. Тоа е девојка која и покрај советите на лекарите оваа пролет да се подложи на операција, инсистираше да го доигра плеј-офот и да даде максимум во Купот каде нејзиниот удњл беше огромен во освојувањето на „среброто“.

1.Како се реализира опоравувањето по хирушкиот зафат, зошто иако имавте препорака во текот на сезоната истата ја доигра, па отиде „под нож“ потоа?

Сега во овој момент  се чувствувам одлично, се е зад мене, најтешкото е веќе минато следи процес на рехабилитација и враќање во форма. По препорака од докторот примав терапија во текот на сезоната, што ми овозможи прилика да  можам истата  да ја доиграм, истото и јас го посакував бидејќи сакав да бидам дел од тимот во финалните искушенија. Но покрај тарапиите  продолжија болките по што одлучивме  на крајот на сезоната  да се реализира хирушкиот зафат кој мина одлично. Овој тајминг го одбравме поради можноста да имам сосема доволен период за рехабилитација пред предизвиците во новата натпреварувачка сезона 2019/2020 за која сакам да ја дочекам во форма и максимално подготвена.

s2

2. Изминатата сезона зад своето име впиша дури  93 гола, ти си втор стрелец во тимот и прв од поле, како го оценуваш твојот настап оваа веќе измината сезона?

Во целост сум задоволна  од прикажаната игра, особено во втората полусезона каде имав навистина одлично одиграни мечеви. Играта која ја прикажав ме прави среќна, иако како и  секогаш  треба да се потенцира дека можеше и мораше  подобро. Се надевам дека во новата сезона ќе прикажам уште подобра игра, ќе имам допадливи игри во црвено-црниот тим. Головите се само бројка, мене ме радува добрата игра која ја покажувам во функција на колективниот успех на тимот што носи радост на сите нас по остварените успеси како тим.

Видео со дел од најубавите голови на Милица>>>

3. Сезоната може да ја прогласиме за успешна, Куп финале и 3-та позиција во Супер лигата, ваш коменар за истата?

Сезоната која измина беше специфична,  пред нас стоеше тежок предизвик како најмали да се бориме со постари од нас. Се фативме во костец со сите, покажавме дека нема тим кој неможе да го совладаме и сосема заслужено завршивме во топ-3 делот на првенствената табела во женската Супер лига. Куп финалето беше успех за нас, истото може да се гледа како „круна“ на нашето залагање. Иако не се искачивме на врвот,  мислам дека целата екипа даде се од себе, но немавме доволно среќа. Секако и екипата на Куманово имаше  повеќе искуство од нас. Сите девојки сезонава прикажаа одлична игра во сите три напреварувања што е факт кој посебно не радува пред почетокот на следната натпреварувачка сезона.

4.Николиќ пред вас е од новата сезона, ве очекуваат нови предизвици со зголемен број на ривали, имате и нов тренер, кои се вашите очекувања?

s

Во новата сезона очекувам да направиме поголем успех, во однос на минатата, односно да одиме чекот понапред. Не очекуваат повеќе натпревари што ќе биде малку позаморно и потешко за нас, но секако дека тоа ќе го поминеме и на крајот се надевам дека ќе се радуваме. Докажавме дека можеме да се носиме со сите предизвици па така ќе биде и сезонава каде ќе дадеме се од себе за да дојдеме до посакуваното. Воедно имаме нов тренер и нов помошник тренер кои се добро познати за нас, мислам дека ќе имаме одлична соработка и дека ќе успееме заедно со нив во нашата замисла и цел. Очекувам се што сме сработиле досега и она што ќе го сработиме да донесе бенефит на крајот од сезоната.

5.Откри ни на кратко која беше главната сила на ЖРК Вардар оваа сезона?

Како што и повеќето од соиграчите потенцитаа главната сила  на нашата екипа беше тимскиот дух. Покрај поврзаноста на сите поединки во еден „нескршлив“ колектив, нас не красеше големо ниво на мотивираноста и  неуморна и постојана упорност при настапите во сите натпреварувања во кои земавме учество.  Во новата сезона ќе гледате уште пожестоко мотивиран тим, вардарки ќе атакуваат на сите пехари.

s3

6.Кои се вашите  плановите за ракометната иднина?

Како и на секој играч така и мене во проекција ми е  да заигам за квалитетна европска  екипа надвор од нашата земја, Македонија. Сакам да играм ракомет на врвно ниво во некој европски куп, покрај тоа посакувам долгогодишно стандардно место во А-селекцијата на нашата земја.

Михајло Тушевски