Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Со голот на Керими, пом.пионери на Вардар до нова победа
Со голот на Керими, пом.пионери на Вардар до нова победа

Со голот на Керими, пом.пионери на Вардар до нова победа

Помладите пионери на Вардар со нова победа, во 2.коло на домашен терен го совладавме тимот на ФК Милано Куманово. Црвено-црнниот тим дојде до победа со минимални 1-0 (0-0) со гол постигнат во вториот дел. По две кола нашата најмлада екипа има освоено максимални 6.бодови.

4

Првиот дел заврши со почетните 0-0, двата тима играа претежно на средината на теренот, ние имавме два удара кон голот на ривалот. Кон голот на кумановчани удари упатија Крстевски Антонијо и Дамевски Филип, за жал тоа не донесе предност. Па по првиот дел заминавме на одмор со резултатска симетрија, 0-0.

306667194_10221987944869899_3376214016370462376_n
Вториот дел започна со блага теренска иницијатива на нашиот тим, прв од корна се закани Крстевски Марко, неговиот удар го одбрани голманот на гостинот. Потоа ние повторно се заканивме преку Петар Котевски. Конечно по една мешаница поведовме со 1-0, за нас стрелаше Керими Фуад кој доби асистенција од Јорданоски Михаил. До крајот успевме да ја здржиме предноста.

0
Стартен состав: Јаневски Лука , Поповски Мичо, Смиљков Филип, Крстевски Марко, Давитов Петар, Блажевски Иван, Јорданоски Михаил, Крстевски Антонијо, Радески Златко и Дамевски Филип.

.
Играа уште: Керими Фуад, Котевски Петар, Шаботиќ Емир и Трајчевски Гоце.