Wednesday ,24 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Попов – Не се плашиме од никого!
Попов – Не се плашиме од никого!

Попов – Не се плашиме од никого!

Нашиот искусен играч Горан Попов во интервју за нашиот официјален сајт www.fkvardar.mk говори за новиот протвник, во 1/4 финалната рунда, екипата на Шкендија. Попов според својата изјава, е пресреќен што ни падна токму Шкендија во 1/4 финалето. Целото интервју што ви го пренесуваме Попов го даде за нашата официјална веб – страна www.fkvardar.mk

„За мене е полесно ова да се реши уште сега. Доколку не игравме во четвртфиналето, сигурно ќе се сретневме подоцна или во финалето. Не се плашиме од никого затоа што играме квалитетен фудбал, исто така имаме добар кадар на играчи и спремни сме сите. И оние што не играат и оние што играат се на располагање на шефот Седлоски, така да можам да кажам дека сум пресреќен што сега ни се падна Шкендија. Тие имаат квалитетна екипа, не се за потценување, а во првенството се на само еден бод зад нас. На овој натпревар ако имаме шанси како што имавме на мечот што го игравме дома во првенството, а знам дека ќе ги создадеме, сигурен сум дека ќе постигнеме голови и дека ќе одиме понатаму“, рече Попов.

На само пет натпревари до паузата Попов вели дека нема ништо побитно од задржување на првата позиција на табелата.
„Тоа е нашата цел и секој го очекува тоа. Како што кажа нашиот тренер Седлоски, ја имаме првата позиција и мора да ја одржиме, не смее да се спуштиме подоле. На два наврати, против Шкупи и против Ренова ремизиравме поради наши грешки кои гледам дека повеќе не се случуваат. Имаме уште еден месец до титулата есенски прваци, а после подготовките во јануари ќе гледаме да ја зголемиме предноста и да го освоиме шампионскиот трофеј“, дополни Горан.