Утре Петок во спорската салата во скопската населба Автокоманда ќе се одигра дуелот на единствените две непоразени екипи во “Скопско супер лигата“. Нашите девојки од тимот на Вардар јуниор гостуваат кај тимот на Металург во рамки од 5.коло во единствената ракометна лига во земјава.
Двете екипи по крајот на изминатите две кола собраа максимални 12 бодови. Мечот во Автокоманда е закажан со почеток во 16-00 часот. Избраничките на Симе Симовски имаат супериорен старт во “Скопско Супер лигата“ тие минатото коло без особени проблеми како домаќини однесоа победа со екипата на ЖРК Ѓорче со резултат 34-17, а дуелот на полувреме беше 15-6. За потсетување црвено-црните годинава ја преставуват нашата земја во Челинџ Купот. Нашите девојки противник во истиот го имаат тимот на Лондон Ејнџелс. Дуелите на нашите млади девојки се е дел од 3-то коло од Челинџ Купот и тие се закажани за на 13 и 14 ноември. Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде домаќин и на двата меча по претходен договор на двете екипите. Мечот на 13 ноември во петок и следниот меч ден подоцна ќе се одиграат со почеток во 18-00 часот.