Кадетите на ФК Вардар, денес на домашен терен ја пречекаа екипата на Њу Старс, на еден дуел на кој имавме водство на полувреме бевме совладани со минимална негатива. Гостинот дојде до три бода со резултат 2-3 (2-1) на оваа средба.
Вардар започна со овие 11 играчи: Данстак Андреј,Петровски Андреј, Ивановски Лука, Анчевски Никола, Здравковски Симеон, Таневски Кристијан, Ибраим Левент, Хајдари Исмет, Величковски Никола, Стојановски Стефан и Јовановски Филип.
Кадетскиот тим на Вардар на оваа средба тргна офанзивно, ние атакувавме кон голот на ривалот со цел да отвориме со предност. Релативно рано успеавме да погодиме во мрежата на гостинот, во 10.минута Стојановски Стефан успеа да ни донесе предност од 1-0. Покрај водството ние бевме поофанзивен тим, се играше веќе половина час фудбал, во 30.минута топката ја доби Ибраим Левент кој донесе удвојување на предноста погодувајќи за предност од 2-0. Противникот до крајот на првите 45.минути на овој кадетски дуел успеа да ја преполови предноста. Њу Старс во 35.минута намали на 2-1, резултат кој подоцна се покажа како конечен на оваа средба.
Крајно лошо го отворивме вториот дел, бевме недоволно концетрирани па тоа не чинеше целосен пресврт. Во 46 и 48.минута беше совладан нашиот голман па предноста мина на страна на противникот кој поведе со 2-3. По овој момент до крајот ние тргнавме во целосна офанзива, Њу Старс само два пати шутна, но нашиот голман Андреј Данстак беше одличен помеѓу стативите. Имавме дури шест удара кои можеа да донесат реми, но за жал не успеавме. Три шанси имаше Ибраим Левент, два пати по прекин со глава се закани Величковски, а последната шанса ја имаше Никола Анчевски чиј удар не донесе реми пред истекот на времето на оваа средба.
Во вториот дел во игра тренерот Ѓоргиевски ги уфрли: Савиќ Александар, Стоимов Димитар и Тренкоски Бојан.
Ова беше петти пораз за нашите кадети сезонава, кои имаат само една победа.