Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брдаровски и Најдовски ќе ја прескокнат Ренова
Брдаровски и Најдовски ќе ја прескокнат Ренова

Брдаровски и Најдовски ќе ја прескокнат Ренова

Вардар значително ќе биде ослабен на неделниот натпревар во Тетово кај Ренова. Дефанзивецот Владица Брдаровски и играчот за врска Филип Најдовски ќе го прескокнат овој дуел поради акумулирани пет жолти картони.

Ова значи дека местото на Брдаровски ќе го завземе Тошевски, додека пак на средината на теренот на местото на Најдовски по се изгледа ќе игра младиот Али Адем, или пак Битанг ќе се врати на својата позиција, а на десно крило ќе стартува Аврамовски.

Дуелот на Ренова и Вардар ќе биде одигран в недела од 14.00 часот.