Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на ЖРК Вардар денес гостуваат во Гевгелија
Младинките на ЖРК Вардар денес гостуваат во Гевгелија

Младинките на ЖРК Вардар денес гостуваат во Гевгелија

Младинската екипа на женскиот ракометен тим денес во рамки на 14.коло гостува во Гевгелија кај истоимената екипа. Интересен факт е што дури три пати ќе се сретнеме со овој тим за десетина дена. Денес играме младинска лига, во сабота гостуваме во Купот, а пак на 2/3 март не очекува дуел од Супер лигата.

Вардарки денес ќе играат дуел од младинската лига со почеток во 19-00 часот. Ние сме лидери на табелата и доколку денес победиме, ќе го трасираме патот кон посакуваната цел. Сепак клучните мечеви се на крајот од сезоната кога ќе играме со Металург и Куманово, нашите дирекни конкуренти.