Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > КУП на РМ: В сабота екипата на ЖРК Вардар гостува кај Гевгелија
КУП на РМ: В сабота екипата на   ЖРК Вардар гостува кај  Гевгелија

КУП на РМ: В сабота екипата на ЖРК Вардар гостува кај Гевгелија

Младиот тим на ЖРК Вардар кој игра оваа година во сениорската лига има тежок предизвик, да ја одбрани Куп круната освоена од “галактичкиот“ црвено-црн состав. Избраничките на Симовски, Ристова и Царчев за противник ќе ја имаат екипата на ЖРК Гевгелија. Ние на овој 1/4-финале дуел сме гости во истоимениот град.

Натпеварот се игра во Гевгелија, 23.02.2019 год. (сабота)  со почеток в 13:00 часот во  Салата “26 Април“. За делители на правдата се делегирани  Начевски Виктор и Божиновски Даниело. Делегат на средбата е Куртовиќ Цано oд Скопје.