Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со победа во Шведска го осигурува третото место
Вардар со победа во Шведска го осигурува третото место

Вардар со победа во Шведска го осигурува третото место

Рајн-Некар Левен вечерва на домашен терен го победи тимот на Келце со резултат  30:29 (18:14) и со тоа се промовираше како четвртопласиран тим во групата А.

Вечерва домаќинот беше подобар тим во текот на сите 60. минути и го искористи неиграњето на Циндриќ и Душебаев кај тимот на противникот за да забележи важна победа во борбата за што подобар пласман во нашата група.

Со оваа победа, сега Рајн – Некар е на четвртата позиција со 14 бодови, исто колку што има и тимот на Келце. Значи, доколку Вардар победи во сабота во Шведска кај Кристијанштад, со сигурност ќе го обезбеди најмалку третото место во оваа група, што значи дека ќе го чека шесттиот тим од групата Б во 1/8 финалето.

Топ пет табела во овој момент:
Барса 20
Веспрем 16
Вардар 15
Рајн-Некар и Келце 14