Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Гевгелија мораше да се “поклони“ пред црвено-црниот ураган, ЖРК Вардар со нова победа
Гевгелија мораше да се “поклони“ пред црвено-црниот ураган, ЖРК Вардар со нова победа

Гевгелија мораше да се “поклони“ пред црвено-црниот ураган, ЖРК Вардар со нова победа

Младинската екипа на женскиот ракометен тим  Вардар, денес во рамки на 14.коло гостуваше  во Гевгелија кај истоимената екипа. Црвено-црните дами дојдоа до нова победа во младинската конкуренција, тие се перфектни во оваа полусезона. Победата дојде со резултат 36-17.

Првиот дел започна со изедначена игра на двата тима, три пати во воведниот дел беше реми: 1-1, 2-2 и на крајот 4-4. Домаќинот посака да го види “црвено-црниот“ пекол кој неколку екипи во лигата досега го видоа, и тоа и се случи. Неверојатна игра во одбраната покажа црвено-црниот тим, Илиќ беше несовладлива, одбраната пред неа затвори одлично, а пак во нападот решително погодуваше. Направивме неверојатан серија 0-10, по која поведовме со 4-14, резултат кој внесе очај кај домаќинот. До крајот се играше гол за гол, ние имавме голема предност па рутинирано заминавме на одмор со резултат 8-17.

r2

Вториот дел започна со гол за домаќинот со кој намалија на 9-17. Повторно во одбрана заигравме пеколно, Грујoвска на голот ја “спушти ролетната“ и со серија 0-6 првпат отидовме на 14.гола позитива за нас,  9-23. Тука се веќе беше јасно околу тоа кој тим ќе победи, прашање беше само со колку разлика ќе донесеме нова четвртта победа во оваа 2019 година. Дојдовме до 100% ефект во младинската лига во пролетниот дел со триумфот со резултат 19-36, односно со цели 17 гола повеќе од гевгеличанки.

Кај нас прв стрелец беше крилото, Мирјана Петковска со 10 гола, имавме расположено голманско-дуо, Илиќ Андреа одбрани 10.удари, додека Грујовска Симона успешно интервенираше 7 пати. По пет гола во оваа победа имаа Кети Ангеловска и Ана Марија Божиновска.