Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Бидете повторно крилјата на нашите јунаци, не се штедете, Комити Малме, Гетеборг, Стокхолм, Борос, од цела Шведска и Скандинавија
Комити: Бидете повторно крилјата на нашите јунаци, не се штедете, Комити Малме, Гетеборг, Стокхолм, Борос, од цела Шведска и Скандинавија

Комити: Бидете повторно крилјата на нашите јунаци, не се штедете, Комити Малме, Гетеборг, Стокхолм, Борос, од цела Шведска и Скандинавија

Во сабота, црвено-црните гостуваат во Шведска кај екипата на Кристијанштад. Тоа ќе биде последен натпревар за Вардар на гостински терен, во рамките на групната фаза. Вардарци повторно се надеваат на голема поддршка од македонските иселеници кои се наоѓаат во Шведска. На својата официјална страна, Комити Скопје го напишаа следново:

Да ја поздравиме оваа екипа која ланската сезона грмеше на гостувањето во Шведска кај Кристијанштад. Ги понесоа нашите јунаци до значајната победа со која во голема мера го запечативме дирекниот пласман во четвртфиналето…
Иако овојпат првото место е недостижно, сепак второто место е сеуште возможно, и затоа веруваме дека ќе има иста мета – исто растојание – ист резултат!
Бидете повторно крилјата на нашите јунаци, не се штедете, Комити Малме, Гетеборг, Стокхолм, Борос, од цела Шведска и Скандинавија. Нека се веат нашите знамиња, нашиот амблем нека биде симболот на нашиот непокор, нашето сонце нека огрее во Кристијанштад Арената, нека ечи за Вардар и Македонија од Македонски грла!
Нека биде како што беше во САП Арената во Германски Манхајм…
Нека знае цела Европа дека постои Македонија!!!
Сабота, 23.02 во 19:00ч.