Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Максимов, Исени, Тодороски го пропуштија и денешниот тренинг
Максимов, Исени, Тодороски го пропуштија и денешниот тренинг

Максимов, Исени, Тодороски го пропуштија и денешниот тренинг

После два слободни дена кои стручниот штаб им ги даде на фудбалерите, од денеска екипата повторно е во „погон“ и на тренинг кампот во Хиподром ги започна подготовките за натпреварот со тимот на Ренова кој ќе биде одигран во недела со почеток во 17 часот на Градскиот стадион во Тетово.

Денешниот тренинг поради ситни повреди го пропуштија Максим Максимов, Бесар Исени, Али Адем и Тодор Тодороски. Ниту еден од овие четворица играчи не беше во комбинација за натпреварот против Шкендија.

За натпреварот против Ренова, во составот Васоски ќе го има и бразилецот Бала, кој не настапи во Тетово.