Стоперот на фудбалскиот клуб Вардар, Никола Серафимов е нов играч на екипата на Брегалница од Штип. Денес на тренингот на второлигашот се појави Серафимов и дефинитивно во новата сезона ќе биде дел од тимот на Брегалница, како позајмен играч. Инаку Серафимов ги има поминато сите младински категории на Вардар, а од 2018 година беше дел и од првиот тим, за кој имаше неколку настапи, а исто така беше и на подготовки со екипата во Словенија. Тој пред неколку дена го прослави својот 19-ти роденден.
За Брегалница ова беше вкупно деветто засилување, па јасни се амбициите на клубот да се вратат во ПМФЛ.