Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стеауа од Романија е десеттиот учесник во СЕХА-лигата
Стеауа од Романија е десеттиот учесник во СЕХА-лигата

Стеауа од Романија е десеттиот учесник во СЕХА-лигата

Челните луѓе на СЕХА-лигата и романскиот клуб Стеауа се договорија околу учеството на оваа екипа во лигата. Постигнат е договор, па за прв пат во регионалното натпреварување ќе гледаме екипа од Романија.

Со тоа се заокружува списокот на учесници за новата натпреварувачка сезона. Познато од претходно дека ќе е натпреваруваат екипите на Вардар и Металург ( Македонија), ППД Загреб и Нексе ( Хрватска), Војводина и Железничар ( Србија), Брест Мешков ( Белорусија), Извиѓач ( БИХ) и Татран Прешов ( Словачка).

Кога бевме поканети од луѓето во СЕХА, сите играчи на мојот тим беа многу среќни. Тоа е нов предизвик за сите, ново искуство за нашиот клуб. Многу е тешко да се настапува во четири натпреварувања, но сепак не можевме да ја одбиеме поканата. Исто така, навивачите во Букурешт се многу ентузијасти, сакаат да ги видат познатите тимови во нашиот град, но исто така и на телевизија, рече Василе Стинга, генерален менаџер на Стеауа Букурешт.

СЕХА-лигата својот старт ќе го има на 28 и 29-ти август, а во првото коло, Вардар ќе се сретне со тимот на Металург.