Вардар започна лошо и го претпре првиот пораз во новата сезона. Денеска црвено – црните беа без никаква идеја во нападите, додека пак во одбраната делуваа преспоро, кога гостинот ќе направеше контра или полу контра. Останува четата на Васоски да извлече поука од овој дуел, бидејќи денеска изгледаше катастрофално на теренот нашиот тим.
Вардар: Гачевски, Новак, Серафимов, Жуниор, Тошевски, Мицевски, Адем, Аврамовски, Брдаровски, Цветаноски, Ибиши. Во игра влегоа уште: Попзлатанов, Колевски и Димоски.
Неочекувано, Вардар имаше негатива по првиот дел. Иако домашниот тим ја имаше целосната доминација на овој дуел во првиот дел, иако имаше пет убави шанси да постигне погодок, сепак, гостинот од единствената шанса во првиот дел дојде до гол преку искусниот Боби Божиновски кој што со глава го матираше Гачевски од само неколку метри. Вардарци најсериозната шанса во првиот дел ја имаа преку Мицевски, кој од 20-сетина метри биеше само во стативата од голот на Јовановски. Жуниор исто така имаше супер две шанси за погодок, иско како и Ибиши и Адем, но изостана реализација на крајот.
Во вториот дел наместо Вардар да додаде во нова брзина и да го нападне голот на гостинот, се случи спротивното. Застана Мицевски во вториот дел, а застана и играта на Вардар. Секоја акција на црвено – црните одеше по крилните позиции, кои ќе направеа некој потег и топката ја враќаат назад, без идеја да створат шанса за гол. Ѓорче знаеше што сака, го бранеше одлично резултатот, а во финишот и преку една супер контра погоди со глава младиот Емини за 0:2 и нов студен туш за Васоски и екипата. Со резултат 0:2 заврши дуелот.