Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар ја победи Металопластика и го освои турнирот во Требиње
Вардар ја победи Металопластика и го освои турнирот во Требиње

Вардар ја победи Металопластика и го освои турнирот во Требиње

Тимот на РК Вардар е освојувач на второто издание на турнирот „Свислион“ кој изминативе три дена се одржуваше во Требиње. Во големото финале, црвено-црните ја совладаа екипата на Металопластика.

Заслужена победа за вардарци, со оглед дека имаа водство во текот на целиот натпревар, само во еден момент екипата од Шабац имаше предност од 12:13. Сепак до крајот на првото полувреме, направивме пресврт и на одмор заминавме со позитива од 17:14. Иван Чупиќ беше наш најефикасен играч по првите 30 минути, постигнувајќи 6 голови. По 2 погодоци имаа Горбок, Дисингер, Кристопанс и Горпишин.

Во второто полувреме стигнавме и до највисоки шест голови предност, период и во кој ја направиме потребната разлика, за мирен тек на мечот. До крајот немаше резултатска неизвесност, Вардар славеше со резултат 32:28.  За најдобар стрелец и МВП е прогласен Тимур Дибиров.

ВАРДАР: Кукуловски, Димитриоски, Гашовски, Криштопанс 6, Пелко 1, Дисингер 2, Атман 1, Скубе 3, Чупиќ 6, Калифа, Дибиров 3, Горпишин 3, Горбок 4.

67892391_2444776865603296_96605097366126592_n

Ова е прв трофеј и за Давид Писонеро, како нов предводник на Европскиот Шампион. Упте еден ден остануваме во Требиње, а потоа се враќаме во Скопје, каде ќе продолжиме со подготовки за следниот предизвик кој не очекува, тоа е настапот на Супер Глоуб Купот.

67871544_572987899772270_4848366990206697472_n 68866050_1160205917504434_1549154343859519488_n