Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Кизиќ забележа 10 одбрани во поразот на Македонија од Данска
Кизиќ забележа 10 одбрани во поразот на Македонија од Данска

Кизиќ забележа 10 одбрани во поразот на Македонија од Данска

После две последователни победи, кадетската машка ракометна репрезентација загуби од селекцијата на Данска, на натпревар од 4. коло на СП кое се одржува во Скопје.

Избраниците на Данило Брестовац дадоа силен отпор, но крајот беа поразени од Данска, со резултат 26:29. Противникот подобро го отвори мечот, стигна и до три гола позитива, на кои Македонија брзо одговори и со серија од четири погодоци поведе со 6:5. Во тие моменти на голот одлично бранеше Марко Кизиќ, кој и овој дуел го заврши со двоцифрен број на одбранети удари. Брзо Данците го анулираа нашето водство, кое влегоа во серија на погодоци, и поведоа со 9:6, разлика која ја одржуваа до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 11:13 за селекцијата на Данска.

Македонија лошо го отвори второто полувреме, во кое Данска стигна и до највисоки шест голови разлика. Сепак Македонија не се предаде, се обидуваше да ја стопи негативата и да го внесе мечот во неизвесност. Тоа се случи на пет минути пред крајот на дуелот кога намаливме на само два гола негатива 25:27. Сепак немавме сили за нешто поголемо, Данска повторно се одлепи на четири гола разлика, па на крајот славеше победа со резултат 26:29.

И на овој дуел, тројца вардарови играчи беа во составот на Македонија. Голманот Марко Кизиќ имаше 10 одбрани, додека Карапалевски повторно успеа да постигне два гола, Ќосевски заврши без погодок.