Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Slider > Тимур Дибиров прогласен за најдобар стрелец и МВП на турнирот во Требиње
Тимур Дибиров прогласен за најдобар стрелец и МВП на турнирот во Требиње

Тимур Дибиров прогласен за најдобар стрелец и МВП на турнирот во Требиње

Во конкуренција на шест екипи, Вардар успеа да го освои турнирот во Требиње, победувајќи во големото финале против екипата на Металопластика. Ова беше прв подготвителен турнир за Европскиот Шампион, за новиот тренер, но и засилувањата кои пристигнаа летово.

Во финалето бевме подобри од Металопластика (32:28), додека во групата ги победивме екипите на Борац (34:30) и Леотар (38:18). Покрај трофејот за освоеното прво место, Тимур Дибиров беше прогласен за најдобар стрелец и МВП на целокупниот турнир. Руското крило во редовите на Вардар, турнирот го заврши со 21 постигнат гол.

-Се што работам, е за целата екипа. Благодарам за ова признание. Турнирот ги оправда сите наши очекувања, а Металопластика се покажа како голем противник, истакна Дибиров.