Вчера, Македонија во дуелот за 5.место беше поразена од Белорусија, првиот дел го контолиравме се до 24.минута кога имавме високи шест гола позитива, водевме со 20-14. Се наговестуваше дека ќе бидеме победници, во последните пет-шест минути од првиот дел ривалот успеа да ја преполови нашата предност и замина само со три негатива на одмор, 22-19. Во вториот дел го загубивме ритамот, дојде пресвртот и на крајот за жал впишуваме пораз со 40-36. Македонија заврши на позицијата број 6 на овој ЕХФ Шампионат за девојки до 17.години.