Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Пораз од Ренова, младинците останаа без бодови
Пораз од Ренова, младинците останаа без бодови

Пораз од Ренова, младинците останаа без бодови

Младинците на ФК Вардар доживеаа пораз на натпревар од 13.коло во младинската Супер лига. Подобар од нас беше тимот на Ренова, кој славеше минимално со резултат 0:1.

Тренерот Ивановски го стартуваше натпреварот со следниве 11-сетмина: Јовчев, Симев, Шабани (К), Илиев, Асани, Саит, Марковски, Андрески, Тасевски, Салиу, Трајковски. 

1

Во првото полувеме не видовме некоја поголема шанса за отварање на резултатот. Двете екипи наметнаа брз ритам на игра, но одбраните беа претпаливи, па не дозволуваа големи закани кон нивните голови. Ренова можеби имаше поголема прилика да го отвори резултатот, кога еден од нивните играчи од десеттина метри биеше крај голот на Јовчев. Вардар се закани преку Тасевски кој после една добра акција со Салиу, биеше над голт, како и Марковски кој се обиде со глава после центар шут на Салиу, но ништо сериозно кон противничкиот гол. Домаќинот имаше уште една прилика, кога топката беше лесен плен за Гоце Јовчев. На краток одмор се замина со почетните 0:0.

2 3

Во вториот дел од натпреварот падна еден гол и тоа во нашата мрежа. Прва шанса во овој дел од натпреварот имаше Салиу Фисни, но неговиот удар го одбрани голманот. Обид имаше и Расевски, но биеше само по земја, топката беше лесен плен за гостинскиот голман. Како што напоменавме, екипата на Ренова успеа да постигне еден гол и да дојде до водство од 0:1. Тренерот Ивановски направи две измени, во игра влегоа Сандро Каровски и Сулејман Исмаиљи. После само неколку минути во игра откако влезе Каровски, истиот се повреди па поравме последните 20 минути да ги играме со играч помалку, со оглед дека немавме веќе играчи на клупата за резерви. Тоа уште повеќе ни ја отежна ситуацијата, во обид да извлечеме позитивен резултат. Иако се обидувавме до крајот на натпреварот да постигнеме гол, сепак гостинот беше претпазлив. Последната шанса ја имавме преку Шабани кој биеше со глава но само крај голот. После 90 минути игра резултатот гласеше 0:1 за екипата на Ренова.

4 5