Вардарци немаа многу проблеми околу обезбедување на петтата победа во рамките на плеј-офот од Супер лигата. Денес во С.Ц.Јане Сандански избраниците на Алушовски високо ја победија екипата на Струга, со конечен резултат 36:22.
Откако и двете екипи го постигнаа својот прв гол, следеше серија на вардаровите играчи од десет последователни гоови, па беше јасно каков тек ќе има натпреварот. До крајот на првото полувреме ја одржавме двоцифрената предност и на пауза заминавме со водство од 20:10.
На овој дуел, Алушовски настапи без Дисингер, Кантегрел, Јотиќ и Чупиќ, но и покрај тоа црвено-црните беа преголем залак за тимот на Струга. Шанса добија играчите кои имаат помала минутажа на натпреварите од ЛШ и СЕХА-лигата. Истата максимално ја искористија Димитриоски и Валчак, како и Атанасовски и Векиќ кои ја полнеа мрежата на Струга. Како одминуваше вториот дел постојано ја зголемувавме разликата, за на крајот да славиме победа изразена со 14 голови разлика.
Тројца играчи во нашиот состав постигнаа по 7 голови. Се работи за Векиќ, Димитриоски и Атанасовск кои натпреварот го завршија со по 7 голови.