Вардар доживеа тежок пораз, откако попладнево дури со резултат 6:0 беше поразен од кратовски Силекс. Уште по првите 15-сетина минути од дуелот беше познат денешениот победник.
Првиот гол Силекс го постигна во 3.минута преку Денис Ристов од слободен удар. Истиот играч само 16.минути подоцна зголеми на 2:0. До полувреме немаше други промени. Во вториот дел наместо Вардар да изврши притисок, беше немоќен па одигра уште послабо, а домаќинот само го наполни голот на Илиќ. Во 53. минута одново Ристов донесе и 3:0. Следуваа два гола на Пепи Ѓоргиев за убедливи 5:0. Тоа не беше се, трет гол постигна Ѓоргиев за срамни и конечни 6:0.
Ова беше уште една разочарувачка игра на Вардар и тежок пораз.