Изминатиот викенд низ салите во Република Македонија се одигра 18.коло во Женската ракометна сениорска лига. Водечката тројка повторно реди победи оваа пролет, вака изгледаа дуелите во оваа рунда.
Металург имаше лесна задача со Кузман победи со 39.гола повеќе (53-14), Тасевска Марија со 9 гола се истакна кај победникот. Лидерот, Куманово на домашен терен имаше лесна задача со Шампион, тие триумфираа со убедливи 44-12 на оваа средба. Деспина во Прилеп го совлада Овче Поле само со два гола (26-24) доволно за да се зацврсти на 5.позиција, кај победникот двоцифрена беше Конеска Мери со 10.гола.
Најголемото изненадување го приреди Спартак во Струга, кај тимот на Стружанка екипа која традицонално е тежок ривал на домашен терен. Тие победија со минимални 24-25 на таа средба. Пелистер вчера се врати со победа од Скопје, откако го совлада тимот на Ѓорче со 20-21, прв стрелец кај битолчанки беше Милосављевиќ Драгана со 6.гола.
Вардар требаше да игра дерби со Чаир ама, дуелот се претвори во црвено-црна синфонија. Беше на старот 2-2 по 4.минути, тоа беше се од отпорот на гостинките. Потоа девојките на Ристова и Царчев редеа убави акции во офанзива, стрелаа, во одбраната одлични, голманите сите три (Трајкоска-Грујовска-Илиќ) вкупно имаа 51% одбрани, 21/41. Во одбраната Џатевска и Дамјаноска жестоки, Миновска и Галевска фуриозни во 2.правци, Михаела Стојановска потврди зашто е засилување, Трпевска и Диневска константно на високо ниво. Девојките кои добија шанса од клупата: Поповска, Златевска, Стефанска и Лазаровска покажаа дека треба да се смета на нив. Победата дојде со високи 39-20.
Грујовска покажа врвна форма, за 17.минути имаше двоцифрен ефект, 11.одбрани таа сопре неверојатни 65% упатени удари кон неа. На дуелот пет црвено-црни дами имаа 5-ки: Илиќ Андреа, Галевска Марија, Јована Трајкоска, Трпевска Ивона и капитенот Диневска Бојана. Одличен дуел имаа и Стојановска Михаела и Катерина Дамјаноска кои стрелаа по 4.пати. По три погодока имаа: Јасмина Попова, Стефанија Ѓорѓиевска и Сара Стефаноска, два пати ја затресоа мрежата: Џатевска Ивана, Сара Миновска и Михаела Лазаровска, еден погодок беше дело на Васевска Златица.
*Сите дуели се поврзани со записници со еден клик врз резултатот може да погледнете повеќе детали.
На табелата оваа пролет максималните тимови кои впишаа по 15.бода на 5 кола се на врвот односно на првите три позиции. Куманово и Металур се пред нас, ние сме третти и од два негатива на есен сега сме на 7.плус од Чаир. Деспина е на позицијата 5, Спартак полека се издигнува од коло во коло. Вака изгледа табелата по 18.кола:
1 | ЖРК Куманово | 17 | 16 | 1 | 0 | 49 |
2 | ЖРК Металург | 17 | 15 | 0 | 2 | 45 |
3 | ЖРК Вардар | 17 | 14 | 1 | 2 | 43 |
4 | ЖРК Чаир | 17 | 12 | 0 | 5 | 36 |
5 | РК Деспина | 17 | 11 | 0 | 6 | 33 |
6 | ЖРК Стружанка | 16 | 9 | 1 | 6 | 28 |
7 | РК Спартак | 17 | 8 | 0 | 9 | 24 |
8 | ЖРК Гевгелија | 16 | 6 | 1 | 9 | 19 |
9 | ЖРК Овче Поле СУ | 17 | 5 | 0 | 12 | 15 |
10 | РК Шампион | 16 | 4 | 0 | 12 | 12 |
11 | ЖРК Пелистер 2012 | 17 | 3 | 1 | 13 | 10 |
12 | Ѓорче Петров – ЖРК | 16 | 1 | 1 | 14 | 4 |
13 | РК Кузман Вардар | 16 | 1 | 0 | 15 | 3 |
Поради настапот на А-селекцијата на Македонија следи пауза во шампионатот истиот продолжува на 25.април со одигрување на следното коло. Вардар во истото ќе патува за Свети Николе кај Овче Поле Су, ова се паровите за следната рунда.