Полесно од очекувањата, кадетите на ФК Вардар забележаа победа на натпревар од 13.коло во кадетската Супер лига. На теренот на Академијата, момците на Филип Ивановски беа домаќини на Ренова, тим кој го совладаа со високи 7:0.
Тренерот Ивановски започна со следниве 11-сетмина: Стојковски (К), Ричков, Сељанац, Ѓоргоски, Трпезановски, Ѓорѓиевски, Стоимов, Стојановски, Живков, Перковски, Мирков.
Првиот директен удар кон противничкиот гол го имаше Славче Живков кој се испроба од голема далечина. Филип Ѓорѓиевски беше играчот кој имаше голема прилика за отварање на резултатот, откако од рекин центар шут во противничкиот шеснаесетник упати Стојановски, топката стигна до Ѓорѓиевски кој не успева од непосредна близина да го совлада голманот на Ренова. Постојано атакувавме кон гостинскиот гол, па беше прашање на време кога ќе падне првиот гол во нивната мрежа. Тоа се случи набрзо кога Теодор Перковски успева да го отвори резултатот и да му донесе водство на Вардар од 1:0.
Откако Мирков додаде топка во шеснаесетникот на Ренова, Перковски беше најприсебен одлично се снајде и погоди за наше водство. Не поминаа ниту две минути, кога избраниците на Ивановски зголемија на 2:0. Овој пат од левата страна центрираше Ричков, кој го пронајде Мирков, кој успева со силен и прецизен удар во левиот голмански агол да реализира. Противникот речиси и да не се закани посериозно кон нашиот гол, освен во последните две минути од првиот дел, кога еден од нивните играчи биеше за малку над голот на Стојковски. Вардар зголеми и на 3:0, во листата на стрелци се зпишува и Слваче Живков, кој погоди од неколку метри после додавање од Перковски. Се закани и Мирков, чиј удар го одбрани голманот на тетовчани, додека предност од 4:0 со својот втор гол денес ни донесе Теодор Перковски, кој погоди на асистенција од Стоимов кој повлече една акција додаде до Перковски кој денес се покажа како врвен голгетер. Овој резултат беше актуелен на полувреме.
Рутински до одработивме и второто полувреме, во кое целосно доминиравме на теренот. Без разлика на високата преност, ниту во еден момент не застанавме со нападите кон голот на противникот. Пред да постигнеме нов погодок, во шанси се најдоа Мирков, Ивановски и Перковски. Убав гол денес постигна Филип Ѓорѓиевски кој од некаде 18 метри со силен и прецизен удар успеа да го матира голманот на Ренова, кој само со поглед ја испрати топката во мрежата, за водство од 5:0. До крајот на дуелот ќе запишеме уште два гола за вардарци. Најпрво на 6:0 зголеми Славче Живков, додека конечните 7:0 на овој дуел со својот хет-три денес ги постави Теодор Перковски.
Во игра влегоа и Анчевски, Попов и Ивановски. Со овој триумф, Вардар ја зголеми предноста на два бода пред екипата на Академија Пандев која вчера само ремизираше на дуелот со Брегалница.