Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Силекс – Вардар низ ТВ пренос
Силекс – Вардар низ ТВ пренос

Силекс – Вардар низ ТВ пренос

Фудбалерите на Вардар веќе се во Кратово, каде од 13 часот ќе одиграат првенствен натпревар кој е многу важен за двата тима бидејќи победата ќе значи излегување од зоната за опстанок.

Вардарци оваа пролет немаат ниту една победа, па се надеваат дека токму денес е денот за истата. Ростерот е комплетен, а се враќа и Илиевски Џиџи како предводник од клупата.

Денешниот интересен натпревар од Кратово, сите љубители на фудбалот и на Вардар, ќе можат да го проследат низ директен ТВ пренос на МТВ-1 и МТВ-3.