Денес во Тетово се одигра одложеното 2.првенствено коло кај младинските фудбалски категории. Кадетите и младинците, гостуваа на екипата на Шкендија. Ова коло се одложи поради настапот на македонската селекција до 19 години, која настапи на турнир во Летонија. Двата тима досега ги добија првите два натпревари оваа сезона, на домашен терен беа совладани екипите на Македонија Ѓ.П и Ренова, а на овој дуел забележаа порази.
Кадетите на Златко Таневски беа поразени со 2-0 (0-0) на овој дуел денес во Тетово. Во првиот дел бевме рамноправни па на одмор заминавме со резултатска симетрија, резултатот беше оној почетниот 0-0. Домаќините успеаа во 58.минута да поведат со 1-0, а во 80.минута го поставија конечниот резултат 2-0 на оваа средба за прв пораз на скопските црвено-црни во лигата. За нас на овој дуел стартуваа:
ВАРДАР: Андов, Зендели, Бојковски, Манасиевски, Игнатов, Ристовски, Спировски, Андоновски, Хасановиќ, Мирчевски и Ѓурковски.
Младинците на ФК Вардар, беа поразени со гол во финишот откако имаа активен резултат до почетокот на последните 10.минути од оваа младинска средба. Шкеднија дојде до бодовите со победа од 2-1, со пресврт во вториот дел. Првиот дел заврши со минимална позитива за нас од 1-0, Реџепи Фитор погоди за наше водство во 26.минута од овој натпревар. Домаќините смогнаа сили и изедначија во 47.минута, а во 82. поведоа и успеаа да ја одржат предноста до крајот. За нас на овој меч старуваа:
ВАРДАР: М.Велковски (к), Младеновски, Реџепи, Наумчевски, Ибиши, Адем, Д.Велковски, Димовски, Младеновски, Тасев и Радевски.