Денес со пионерските екипи гостувавме во Битола, кај екипата на Пелистер, натпревари на кои бевме поразени.
Вардаровите пионери иако на полувреме имаа предност од 0:1 со голот на Максим Цониќ во 33 минута, во вториот дел дозволија да примат четири гола и да загубат на крајот со 4:1. На нашиот погодок претходеше добра акција, во која Гаштаров даде дијаголнална топка до Цониќ кој успеа да се запише во листата на стрелци.
Екипата на Пелистер во вториот дел головите ги постигна 72, 75, 83 и 88.минута од кои три гола беа дело на еден играч. Имавме ние неколку обиди во второто полувреме, најчесто преку котра напади, но сепак на крајот моравме да се помириме со пораз.
Вардар: Стефан Нанчовски, Драган Јанкоски, Максим Цониќ, Матеј Гаштаров, Михаил Танчев (К), Матеј Анастасов, Златко Радески, Мирза Хасиќ, Дамјан Алексовски, Филип Дамевски, Хабиб Бектеши.
Играа Давид Цековски, Харбин Туша, Кристијан Каруловски и Филип Стефанов
Помладите пионери беа минимално поразени со резултат 1:0. Долго време беше активен почетниот резултат, се до 82.минута кога Пелистер постигна гол, доволен да освои три бода на овој натпревар во помладата пионерска Супер лига.
Вардар: Лука Јаневски, Мичо Поповски, Алексеј Ивановски, Филип Смиљков, Марко Крстевски, Емир Шаботиќ, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски, Антонијо Крстевски, Гоце Трајчевски, Лука Атанасовски.
Играа уште и Петар Давитов, Ненад Стојанчевски, Бобан Бакрачески и Матеј Стаменковски.