Управата на ФК Вардар конечно почнува да прави вистински чекори. Дечињата од градинката ”Кочо Рацин” вчера беа гости на тренингот на ФК Вардар. Тие се дружеа, поставуваа прашања, беа на само неколку метри од своите миленици, се на се, ова беше еден убав ден не само за дечињата од оваа градинка, туку и за играчите на ФК Вардар. Дали конечно во иднина, ФК Вардар ќе проработи на својот маркетинг, останува да видиме, но ова е еден голем чекор нанапред. Во продолжение ви прикажуваме неколку фотографии од вчерашното дружење.
Фото: fkvardar.mk