Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ”Брат на брат”
”Брат на брат”

”Брат на брат”

Мега-дербитo Барселона – Вардар ќе има и свои интересен дуел. Капитенот на РК Вардар, Филип Лазаров, ќе се ”судри” со својот брат, и член на Барселона, капитенот на Македонија Кире Лазаров. Иако многу ретко овие двајца играчи се погодуваат да бидат во игра во исто време, затоа што Кире игра само во нападот, исто така и Филип, сепак ова ќе биде интересен дуел на овие двајца браќа.
Partit de la lliga AКире се разбира, е главен играч, и предводник на Барса, додека пак нашиот Филип мотивиран од клупата, ќе ја очекува својата можност да покаже што знае и умее во нападот на Вардар. Се надеваме дека Кире Лазаров нема да биде ”убиствен” по голот на Вардарци на овој меч. Но ова нема да биде единствената братска ”пресметка”, во редовите на Барса, пријавен за денеска е и, помладиот брат на Алекс Душебаев.