Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Успешен старт за Жрк Вардар Јуниор во европските натпреварувања
Успешен старт за Жрк Вардар Јуниор во европските натпреварувања

Успешен старт за Жрк Вардар Јуниор во европските натпреварувања

Екипата на Жрк Вардар јуниор го доби првиот натпревар, во рамките на третото коло од Челинџ купот, против екипата на Лондон Ејнџелс. Избраничките на Симовски ја оправдаа улогата на фаворит и сосема заслужено победија.

Натпреварот започна со погодоци од крилните позиции, кои беа дело на Митова и Нолевска. Првиот гол противникот го постигнува дури во седмата минута, кога намали на 4:1. Првата постава беше со Ладева на голот, Нолевска и Митова на крилните позиции, Трпковска како пикер, бековската линија ја сочинуваа Керамичиева, Стојановска и Тодоровска. Разликата во квалитет беше очигледна на теренот, па нашите девојки доминираа во мечот. Иако на моменти имавме лоша серија на промашени удари и неколку минути без погодок. Сепак најрасположената во нашиот состав Сара Митова во 16 минута носи најголема предност од 9:3. Лондон Ејнџелс успева да одржува некаква резултатска рамнотежа, па намалува на 10:6. Од тие моменти младите Вардарки прават серија од 4:0, за највисоки 14:6. До крајот на првиот дел по еден гол на двете страни, за на пауза да се замине со резултат 15:7.

Вториот дел започнува со два голови од седум метри дело на Симона Стојановска, за прва двоцифрена предност од 17:7 во 37 минута од мечот. Слично како во првиот, така и во вториот дел гостите чекаа повеќе од седум минути да ја затресат мрежата, овој пат на Белмезова, која ја земени на голот Ладева. Ново влезената Марија Прленда постигнува два гола за високи 21:9 во 44 минута. Во тие моменти одлична на голот е Белмезова која нанижа 5 одрани, од кои 3 беа зицери. Ништо ново не се случуваше на теренот, црвено-црните беа тие што го диктираа темпото на игра и што доминираа. На осум минути пред крајот имавме водство од 26:10. До крајот противникот само успеаа да намали на резултат 27:14, што беше и конечен.

Најефикасна во нашиот состав беше Сара Митова со 9 постигнати голови. Ангела Тодоровска и Марија Прленда додадоа по 4.