Овој викенд ќе биде во знакот на ракометот. Како што е добро познато, овој викенд воозбудувањата во фудбалот нема да ги имаме, поради репрезентативните настапи. Но, Рк Вардар и ЖРК Вардар ќе имаат исклучително тешки задачи, да дојдат до многу важни победи, против силни екипи.
РК Вардар го очекува мега пресметка во Шпанија, против европскиот првак, екипата на Барселона и Кире Лазаров. Овој натпревар ќе биде еден од двата директни дуели на овие два тима за првото место во својата група, и избегнување на 1/8 финалните средби. Натпреварот започнува во 19 часот и 30 минути со директен пренос на првиот програмски сервис.
ЖРК Вардар од 16 часот и 30 минути, му гостува на тимот на Ѓер. Нашите девојки одат по реванш во Унгарија. Првиот натпревар нашите девојки го загубија во Скопје. Доколку победи утре ЖРК Вардар ќе пренесе одлични шест бодови во следната фаза. Очекуваме девојките на Инди и Питлик да се покажат во вистинско светло.