Генерацијата 2006 на фудбалскиот клуб Вардар успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот „Пирин Куп“ кој се игра во градот Сандански ( Бугарија). Утрово избраниците на Спасески за противник ја имаа екипата на Ботев Пловдив, која ја совладаа со резултат 2:0.
Вардар беше подобрата екипа на теренот и заслужено стигна до победата. По првото полувреме имавме предност од 1:0 со погодокот на Алтин Алији. На голот претходеше добра акција на вардарци, Ајетовиќ помина по страна, ја сврте топката, која стигна до Алији, а овој успеа да ја погоди мрежата на бугарите. Имавме офанзива и во вториот дел, кога успеавме да постигнеме уште еден гол. Истиот го постигна Милош Спасовски, после нафрлена топка од корнер за конечни 2:0 на овој 1/4 финален меч.
Вардар: Краљевски, Николов, Настевски, Јанковски, Спасовски, Миовски, Нурединовски, Величковски, Николовски, Ајетовиќ и Алији.
Денес го играме и полуфиналниот дуел, додека евентуалното финале ќе се одигра во текот на утрешниот ден.