Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, се одлучи да го врати својот најдобар тим, па така денеска на Железарница, Вардарци ќе настапат со своите најдобри 11-мина фудбалери. Дуелот започнува во 14.00 часот.
Вардар: Гачевски, Брдаровски, Грнчаров, Новак, Тодоровски, Глигоров, Битанг, Фелипе, Блажевски, Максимов и Барсегјан.
На клупата за резерви шанса ќе чекаат Игор Алексовски, Кристијан Тошевски, Горан Попов, Вања Марковиќ, Бојан Колевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски.
Дуелот ќе го суди арбитарот Марјан Гоцевски од Струмица.