Monday ,25 June 2018
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Скопје со новите интернационалци против првиот тим на Вардар
Скопје со новите интернационалци против првиот тим на Вардар

Скопје со новите интернационалци против првиот тим на Вардар

За нешто помалку од 45. минути, шампионот на Македонија Вардар, гостува во скопската населба Железарница кај тимот на Скопје.

Овој натпревар за разлика од минатите два, Вардар ќе го започне со најсилниот состав. Во почетните 11-мина се враќаат првотимците кои ги пропуштија минатите дуели против Силекс и Шкендија во Купот. Денешниот противник пак, игра добро пролетва, на крилата на новите играчи Кофи, Бопесу и Монпаин, Скопје денеска ќе биде незгоден противник за Вардар.

Скопје и Вардар во првиот дел од сезоната одиграа 1:1 на стадионот во Железарница.