Tuesday ,05 July 2022
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати термините за првите мечеви од 1/2 финалето на Купот, кај младинските категории
Познати термините за првите мечеви од 1/2 финалето на Купот, кај младинските категории

Познати термините за првите мечеви од 1/2 финалето на Купот, кај младинските категории

Откако беа одредени полуфиналните двојки во националниот Куп, кај младинските фудбалски категории, познати се и термините на одигрување за првите натпревари. Сите први мечеви од 1/2 финалето ќе бидат одиграни на 17-ти март.

Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар првите напревари ќе ги одиграат на гостински терен. Генерацијата 2005 ќе гостува во Каменица, кај екипата на Саса, додека генерацијата 2006 е гостин на првиот дуел во Тетово, против екипата на Шкендија.

Пионерските екипи на 17.март се домаќини на првите полуфинални дуели. На теренот на Академијата, помладите пионери ќе го пречекаат тимот на Работнички, додека пионерите се домаќини на Шкендија.

Првиот полуфинален меч во Купот на домашен терен ќе го одиграат и кадетите на Вардар, кои за противник го имаат тимот  на Брегалница.