Тимот на Вардар Јуниор, предводен од Стојан Петрушевски и Пепи Манасков создаде неколку македонски ракометари кои веќе имаа промоција во првиот тим на Европскиот првак, РК Вардар. Колку квалитетно се работи покажува фактот што уште дузина други момци „чукаат“ на вратата на првиот тим.
Вчера овој тим го играше „малото дерби“ со тимот на Металург-2, црвено-црните покажаа карактер и по негативата од осум гола на полувреме (5-13), дојдоа до победа со резултат 23-22. Во редовите на овој тим на позицијата лево крило настапува Виктор Крстевски, продукт на „Вардар јуниор лигата“ кој своевремено беше избран и за најдобар во истата. Тој имаше голема улога при првото изедначување вчера, најпрвин во одбраната мајсторски „украде“ топка, потоа во напад од невозможна позиција стрелаше во стилот на Дибиров за резултат 19-19.
*Одличниот гол на Крстевски Виктор може да го погледнете на следниот ЛИНК!