Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 14.коло! ЖРК Вардар и останатите тимови од топ-5 со лесни победи ја започнаа 2020
Преглед 14.коло! ЖРК Вардар и останатите тимови од топ-5 со лесни победи ја започнаа 2020

Преглед 14.коло! ЖРК Вардар и останатите тимови од топ-5 со лесни победи ја започнаа 2020

Овој викенд се одигра првото пролетно коло, односно 14.рунда во женската сениорска ракометна Супер лига. Сосема очекувано топ-5 тимовите дојдоа до релативно лесни победи. Куманово остана 100%, Металург имаше лесна задача во Гевгелија, исто како и тимовите на Чаир и Стружанка кои дојдоа до високи победи.

ЖРК Вардар во ова деби коло во 2020 година беше домаќини во СЦ „Јане Сандански“ на тимот на РК Спартак, тоа беше меч чии тек веќе на почетокот се наговести. Отворивме со 14-4 по што веќе се насетуваше високата победа за девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев, ривалот воопшто неуспеваше да парира на разиграните вардарки. Триумфот дојде со висока и убедлива предност поточно со резултат 37-13.

89023643_2771975956182566_7198280263707656192_o

Кај нас на оваа прва средба во новата пролетна полусезона,  голманката Грујовска Симона имаше 8.одбрани, имавме одлично трио со по шест гола кое го предводеше капитенот  Диневска Бојана, исти ефект имаа и бековите: Седлоска Андреа и Галевска Марија, по гол помалце односно пет имаа крилата Трпевска Ивона и Миновска Сара.

ЖРК ЧАИР – ЖРК КУЗМАН ВАРДАР-ИЛИНДЕН 34 – 23
* ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЖРК СТРУЖАНКА 15 – 36
*ЖРК ВАРДАР – ЖРК СПАРТАК 37 – 13
ЖРК КУМАНОВО – ЖРК ДЕСПИНА 42 – 14
ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЖРК АЛУШОВСКИ 28 – 26
* ЖРК ГЕВГЕЛИЈА – ЖРК МЕТАЛУРГ 19-38

На табелата се останува исто по победите на првите пет тима, Куманово е суверен лидер, сино-белите од Автокоманда остануваат на „чекор зад нив“, Вардарки се наоѓаат во топ-3 сегментот.

Идното коло, кое ќе се игра следниот викенд ние гостуваме во Прилеп,    двојките за 15.рунда се следни:

- ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 – ЖРК ЧАИР 
- ЖРК СПАРТАК – ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 
ЖРК ДЕСПИНА – ЖРК ВАРДАР 
- ЖРК АЛУШОВСКИ – ЖРК МЕТАЛУРГ 
- ЖРК СТРУЖАНКА – ЖРК КУМАНОВО 
- ЖРК КУЗМАН ИЛИНДЕН – ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ