Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Трпчевски и Виларов повторно ќе се „спојат“ во Вардар
Трпчевски и Виларов повторно ќе се „спојат“ во Вардар

Трпчевски и Виларов повторно ќе се „спојат“ во Вардар

Екипата на Вардар Јуниор која е дел од најсилната супер лига до крајот на сезоната ќе биде засилена за двајца старо-нови играчи. Се работи за десниот бек, Стефан Трпчевски и голманот, Петар Виларов.

Трпчевски изминатиов период тренираше само со екипата на Вардар Јуниор, но веќе е регистриран за настап во супер лигата, само треба да ги помине редовните медицински прегледи. Трпчевски по само шест месеци поминати во израелскиот Хапоел Кирјат Оно се врати во Вардар. Претходно исто така беше дел од Вардар Јуниор, од каде направи трансфер најпрво во екипата на Струга, а потоа и Охрид.

Ново име во редовите на Вардар Јуниор е и голманот Петар Виларов, за кој ова е враќање во клубот. Тој доаѓа од екипата на Работнички, а претходно ги имаше поминато младинските екипи на Вардар. Тој заедно со Јоаким Анѓеловски и Васил Гогов ќе го сочинуваат тандемот на голмани во овој тим.

Трпчевски и Виларов повторно ќе се спојат заедно во Вардар, откако во 2015 година станаа Шампиони на Македонија во младинска конкуренција и тоа под водство на Стојан Петрушевски.