Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Величковиќ, Петејчук, Трајановски и Крстевски ќе патуваат во Анталија со првиот тим на ФК Вардар
Величковиќ, Петејчук, Трајановски и Крстевски ќе патуваат во Анталија со првиот тим на ФК Вардар

Величковиќ, Петејчук, Трајановски и Крстевски ќе патуваат во Анталија со првиот тим на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар утре ќе замине за Анталија, каде во наредниот период ќе го одработи главниот дел од подготовките за стартот на пролетниот дел.

Со првиот тим ќе заминат и голем број на играчи од младинската школа на клубот. Покрај играчите кои имаат професионални договори со клубот, како што се Матеј Андов, Леонид Игнатов, Азер Омерагиќ, Филип Манасиевски и Александар Ѓурковски, во Анталија ќе заминат и четворица играчи кои се родени 2002 година и кои настапуваат за кадетите на Вардар. Се работи за Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Анатолиј Петјчук, Дамјан Трајановски и Виктор Крстевски.

Утрово, екипата го одработи последниот тренинг на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, а утре наутро ќе замине за Анталија.