Седум играчи од редовите на Вардар предвреме ќе ги завршат настапите на Европското првенство.
Русија за која настапуваат пет вардарови ракометари вчера го претрпе и вториот пораз во групната фаа и остана без шанси да продолжи понатаму. Русија беше надиграна и високо поразена од селекцијата на Исланд, која славеше со резултат 34:23. Уште на стартот од мечот се виде, дека Исланд е поквалитетен противник, првиот гол падна дуеи после четири минути игра, откако русите не реализираа два напади. Веќе по 9 минути игра резултатот беше 5:1, а како одминуваше првиот дел, предноста се повеќе растеше во корист на исланѓаните. Имаа и највисоки девет голови предност (15:6), за Русија да влезе во мала серија и да намали на 16:10. На полувреме резултатот беше 18:11.
Во второто полувреме, Исланд имаше целосна контрола на играта и резултатот. Ниту во еден момент, Русија не успеа да се закани на нивната предност, која достигна и двоцифрена во еден момент. На крајот, Исланд слави победа со резултат 34:23.
Интересно во составот на Кокшаров, најефикасен беше Калараш кој постигна 6 голови, додека Шишкарев имаше 4 погодоци. Атман беше стрелец на 2 гола, додека 1 постигна и Дибиров. За Русија останува да го одигра мечот против Данска, кој за нив нема никакво резултатско значење. Во оваа група, прв е Исланд со 4 бодови, Унгарија има 3, додека Данска 1 бод.
Летонија која е застапена со двајца вардарци го претрпе и третиот пораз во групата и ги заврши настапите на ЕП. Во рамките на 3.коло беа поразени од селекцијата на Германија. До средината на првото полувреме се играше гол за гол, по што Германија го засили темпото на игра и се одлеипи на пет голови разлика (8:13). Истава позитива ја имаа и на крајот од првиот дел, кога резултатот на семафорот гласеше 11:16.
Во второто полувреме, во неколку наврати, Германија стигна и до највисоки седум голови, но Летонија не се предаде и стигна до само три гола негатива 23:26. Во последните минути, Германија влезе со позитива од три гола, додека во финишот, Летонија се погрижи да го намали резултатот на само еден гол (27:28).
Кај Летонија повторно најдобар стрелец беше Кристопанс со 7 голови, тој на ова ЕП постигна вкупно 21 погодок за својата селекција.